(Видео) ВОЛК Е ФАТЕН ВО ПАРКОТ ВО СКОПСКО КОЗЛЕ. Заловен е и однесен во ЗОО,бил чуван како домашно милениче
Волкот шетал по булеварот Теодосиј Гологанов. (Фото: СДК.МК)
Волк е фатен на улицата Јуриј Гагарин во скопската населба Козле.
Вечерва граѓани од населбата пријавиле во полиција дека забележале волк како шета по булеварот Теодосиј Гологанов и веднаш пријавиле во полиција. Полицајците го фатиле волкот и сега тој е врзан на бандера на паркинг.
Како што велат за САКАМДАКАЖА.МК граѓани кои живеат во околните згради, волкот имал ланец долг 2 метри.
Во моментов на улицата има осуммина полицајци кои ги оддалечуваат граѓаните да не му се приближуваат. Рекоа дека е пријавено во Зоолошката градина од каде се чека екипа да дојде на местото
За волкот вечерва се огласи и градоначалникот Георгиевски на фејсбик
Последна вест- Волкот е успан,заловен и однесен во зоолошката градина. Инаку волкот бил чуван како милениче и имал кожно ремче..






