Омерагиќ за навредливата песна кон Битола и Каролина: Седлоски не пееше, тоа е момент на еуфорија

За навредливата песна на фудбалерите на ФК Вардар и раководството на клубот кон Битола и пејачката Каролина Гочева, претседателот на ФФМ, Масер Омерагиќ рече дека ФФМ не поддржува таков начин на прослава. Тој најави дека македонската куќа на фудбалот покренува дисциплинска постапка против клубот. За евентуални санкции, Правилникот на ФФМ предвидува парична казна.

-Ова постои во спортот со децении, но полесно се појавува во јавноста преку социјални мрежи. Постои борба против ваков начин на навивање, веќе имаме изречени казни за ваков вид. Ова е подлабок проблем, но ќе продолжиме со борбата, кажа Омерагиќ во емисијата „Директно“.

За присуството на селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Гоце Седлоски, кој воедно е и тренер на Вардар, Омерагиќ информира дека Седлоски не ја пеел песната на прославата.

-Разговарав со Седлоски и неколку пати ја погледнав снимката. Седлоски не пее и тој најстрого осудува навреди кон било кого, затоа што и тој самиот беше цел на навреди, како и кон неговото семејство, во текот на минатата сезона од првенството. Тоа е момент на еуфорија, тој мислам дека има разговарано со играчите. Некои од нив не пееле, тоа е екипа која слави победа, но не е примерна песната и текстот. Факт е дека постои ривалство помеѓу Скопје и Битола, но сето тоа може да биде на подостоинствен начин. Јас сум против навреди кон било кого, особено кон жените. Казната повеќе ќе има едукативен карактер, додека првиот човек на ФФМ, најавувајќи дека Седлоски во следните денови треба да оддржи прес-конференција.

Back to top button
Close