СДСМ: ВМРО организира граѓани на Македонија за митинг во поддршка на Вучиќ – срамно мешање во внатрешните работи на друга држава

Соопштение на СДСМ

ВМРО организира граѓани на Македонија за митинг во поддршка на Вучиќ – срамно мешање во внатрешните работи на друга држава

Како што месеци наназад предупредувавме дека Вучиќ управува со Македонија, сега ВМРО директно организира граѓани на Македонија за контра-митинг во Белград во поддршка на Александар Вучиќ.

 

На плакатот што го шират низ Македонија јасно се гледа: собирање и поаѓање на митингот пред српскиот конзулат во Куманово, со цел да се поддржи Вучиќ.

 

Ова е срамно мешање во внатрешните работи на друга држава.

 

Ова е токму она што Европскиот парламент го нарекува „српски свет” – директно влијание и мешање на Србија во Македонија.

 

Македонија е под постојан притисок и влијание на српските и руските служби.

 

Вицепремиерот Иван Стоилковиќ, најблискиот соработник на Мицкоски, учествува во ова организирање по договор со Милош Вучевиќ од пред неколку дена.

 

Ова не е случајност. Ова е дел од истата мрежа: Орбан – Вучиќ – Мицкоски.

 

Додека ВМРО се претставува како „промакедонска” партија, со бугарски пасоши, нејзините функционери организираат граѓани на Македонија да одат да го поддржуваат Вучиќ и „српскиот свет”.

 

Доста е со туѓите интереси на македонска почва.

Граѓаните јасно гледаат: ВМРО не работи за Македонија – работи за туѓи центри на моќ.

Реформи сега.

Европа сега

Back to top button
Close