Уапсен маж од Старо Нагоричане, со тврд предмет усмртил куче во кокошарник

Полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода З.Т.(62) од селото Макреш, откако во својот кокошарник усмртил куче со тврд предмет.

Според информациите од Министерство за внатрешни работи, инцидентот се случил на 19 мај околу 23:00 часот.

Осомничениот бил приведен во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава

Back to top button
Close