Мехмети ги повикува Албанците да не учат и да не зборуваат македонски, оти само тој „јазик“ ќе го разберат Македонците
Информативната агенција на албански јазик Илирија-ИНА објави дека „писателот и публицист Ким Мехмети, преку објава на општествените мрежи реагираше на институционалното отфрлање на албанскиот јазик од страна на македонската јавност“ и потоа под наслов „ Да не го учиме и да не го зборуваме македонскиот јазик!?“ го пренесува ставот на Мехмети преку општествените мрежи:

„Дали постои многу „практичен“ начин да се изедначи албанскиот јазик со македонскиот јазик: да се однесуваме исто како и нашите македонски сограѓани , кои не учат и не зборуваат албански јазик? Да одиме дури и уште еден чекор понатаму: да имаме наши институции, каде што тие ќе доаѓаат со преведувачи на нивниот јазик, додека ние им ќе доаѓаме со преведувачи на нашиот јазик.“
„Можеби само овој ‘јазик’ ќе го разберат оние, кои го сакаат само мртвиот Албанец и кои не ја сакаат Македонија која би зборувала и на албански! И можеби само на овој начин македонските противалбански кругови ќе разберат дека нашата добрина да им ги признаеме сите нивни етнички и јазични карактеристики не е слабост, ниту наша покорност пред македонската сила.“
„Во меѓувреме мора да се признае дека македонските владетели се однесуваат со презир кон овдешните Албанци, затоа што вазалите од Вреди водат политика со спуштени панталони!“ – наведе Ким Мехмети во објавата преку општествените мрежи, цитиран од ИНА






