„Над 200 милиони евра изгубени поради ‘реформите’ на Мицкоски кои се само на збор“, вели Филипче

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, преку објава на социјалната мрежа Х обвини дека Македонија изгубила над 200 милиони евра од Европска Унија поради, како што наведе, нереализираните реформи на Владата на Христијан Мицкоски.

Филипче посочи дека Европска комисија одобрила само 65,7 милиони евра за спроведените реформи во Македонија, иако за периодот од јуни до декември 2025 година биле предвидени 134,87 милиони евра.

Според него, дополнително останале неповлечени уште 65 милиони евра од претходниот период поради нереализирани реформи.

„Над 200 милиони евра изгубени поради ‘реформите’ на Мицкоски кои се само на збор“, напиша Филипче.

Тој потсети и на рокот до 1 јуни, кој, како што наведе, самиот Мицкоски го поставил, додавајќи дека „граѓаните ја плаќаат цената за неговите лаги.

Back to top button
Close