Манасиевски: Македонија не смее да потклекне поради криминалното минато на Филипче и Заев, кои поради власт и амнестија би ја однеле државата во амбис
Македонија не смее да потклекне поради криминалното минато на Филипче и Заев, кои поради власт и амнестија би ја однеле државата во амбис. Филипче и Заев веќе еднаш го променија Уставот и го продадоа името за таканаречен влез во ЕУ, што секако не го добија, за сега повторно доколку имаат можност да направат нова отстапка на штета на Македонија, а тоа е внесување на Бугари во Уставот, со што би се отвориле нови блокади или вета од бугарските власти, изјави денеска на прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, стои во партиското соопштение/

На Филипче му е јасно дека со ваков незначителен рејтинг, распадната партија и некомпетентност – единствен начин за тоа како би можел да дојде на власт е со слугување на други држави и нивните власти, удоволување на нивните барања и кодошење на државата.
Наместо еднаш да покаже достоинство и да застане на вистинскиот пат, Филипче повторно ќе ги распродава националните интереси за свој личен интерес.
Уцените кои доаѓаат од Бугарија кон Филипче не се едноставни, затоа и е спремен да исполни се што ќе му се побара.
За среќа на македонските граѓани Филипче нема да биде власт во Македонија, а дополнително и ќе одговара за својот криминал.






