(Видео) Обвинителството ја отфрлило кривичната пријава на СДСМ против Мицкоски

СДСМ тврди дека јавниот обвинител за само две недели ја отфрлил кривичната пријава на партијата против премиерот Христијан Мицкоски што говорело за негова потчинетост на извршната власт.

Генералниот секретар на партијата, Александар Димитриевиќ, на прес-конференција пред обвинителството рече дека Ненад Савески е поставен „да ги следи само нарачките на ВМРО-ОКГ, да одработува и да ги спасува од одговорност.

За само две недели експресно донел решение за отфрлање на кривичната пријава што ја поднесе СДСМ против Христијан Мицкоски.‘Бидејќи пријавените кривични дела не се дела кои се гонат по службена должност’ пишува во решението за отфрлање на пријавата.

Не го викнал ниту на распит. Да го праша за ‘чувствата’ за тоа како од позиција на премиер јавно најавува кривични прогони, таргетира конкретни луѓе од опозицијата и нивните семејства со однапред напишани обвиненија“, рече Димитриевиќ и постави неколку прашања.

„Му беа доволни само две недели за спас на Мицкоски, а од друга страна, Обвинителството 170 дена не реагира на аферите со криминални тендери на власта кои ги објави СДСМ. Нема ништо за 161 тендер за семејната фирма на Томовски, 93 тендери за ‘Матсеф’, 51 тендер за омилената фирма на ВМРО-ОКГ преку општините, за 9 милиони евра за фирма со само двајца вработени, за тендерот од 1,2 милиони евра за фирма блиска до ЗНАМ преку Пошта.

Нема одговор ниту за кривичната пријава против Трајко Славевски. Христијан Мицкоски е обвинител, судија, од кого зависат одлуките“, рече Димитриевиќ

 

 

Back to top button
Close