ВИДЕО: Со жив штит се спречува затворањето на нелегалниот пешачки премин кај Бит-пазар

Претходно, градоначалникот изјави дека жители на Чаир имале барање овој „див пешачки премин да стане легален, но Градот, како што соопшти Ѓорѓиевски, поради безбедноста на сите учесници во сообраќајот, категорично го одбил нивното барање и не ја менува одлуката дека на местото повторно ќе биде поставена метална ограда.

-Имаше барање на дел од граѓани од тој дел на Скопје да го направиме тој премин легален, но категорични сме во тоа дека местото треба да биде затворено поради безбедносни причини и за пешаците и за оние кои се корисници на возила. На тоа место ќе се постави ограда – изјави тогаш Ѓорѓиевски.

Сепак, акцијата денеска наиде на големо незадоволство од страна на чаирчани, кои во знак на протест го блокираа булеварот „Крсте Петков Мисирков“ и целосно го запреа сообраќајот, не дозволувајќи им на службите да го затворат овој нелегален прем.

 

Back to top button
Close