Влезниците за финалето од ЕХФ Европскиот куп за реваншот Охрид ги продаде за 15 минути

– Македонскиот претставник во финалето на ЕХФ Европскиот куп ГРК Охрид на социјалните мрежи објави дека влезниците за реванш финалето со унгарската екипа Татабања се распродадени за 15 минути. И пред да бидат пуштени во продажба влезниците денеска постоеше огромен интерес и беше јасно дека капацитетот на салата е мал да ги прими сите заинтересирани за следење на финалето.

Реваншот охриѓани ќе го играат на домашен терен во СЦ „Билјанини извори“ на 31. мај со почеток во 20 часот.

Првиот натпревар ќе се игра на 24. мај на теренот на унгарската екипа за која настапува македонскиот интернационалец Филип Талески.

Почетокот на првиот дуел е во 17 часот.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close