Филипче: Каква широка влада, каква коалиција, јасно кажав – поддршка за европските интеграции и реформите
„Каква широка влада? Кој зборувал за влада и коалиција? Јасно кажав – поддршка за европските интеграции и реформите“, објави претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на платформата „Икс“.

Да влеземе во тендер-коалицијата на Мицкоски?
Од каде некому му падна на памет таква идеја?
Ние не преговараме за фотелји и позиции.
Ние зборуваме за иднината на Македонија во Европската Унија.
Реформи сега. Малцинства во Уставот сега. Европа сега.






