Уапсен началникот на Управата за криминалистичка полиција во Србија, Марко Кричак

Полицијата го уапсила Марко Кричак по налог на Вишото јавно обвинителство во Белград, дознава Танјуг. Тој на чело на Управата за криминалистичка полиција бил нешто повеќе од една година.

Полицијата го уапсила началникот на Управата за криминалистичка полиција (УКП) во Србија, Марко Кричак, по налог на Вишото јавно обвинителство во Белград, дознава Танјуг. Кричак ја извршувал функцијата началник на УКП нешто повеќе од една година. Пред тоа бил на чело на Единицата за заштита на лица и објекти.

Засега не се објавени дополнителни информации за причините за апсењето, ниту за евентуалните сомневања против него.

Back to top button
Close