Австрија му донираше три противпожарни возила на Куманово


Територијалната противпожарна единица во Куманово доби донација од три противпожарни возила, кои ќе ги користат кумановските пожарникари за интервенции и справување со пожари.

Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, информираше дека претставници на Територијалната противпожарна единица и на Доброволното противпожарно друштво учествувале на петдневна обука во Тирол, Австрија, каде што биле обучувани за гаснење пожари на отворен простор и спасување лица од височини.

Од Општина Куманово посочуваат дека донацијата значително ќе ги подобри капацитетите и подготвеноста на противпожарната единица при интервенции.

Back to top button
Close