Условна казна за членот на обезбедувањето на премиерот Мицкоски кој ја тепаше сопругата

Основниот кривичен суд донесе пресуда врз основа на признание на вина за Р, објави 4news.mk Р., вработен како обезбедување во Владата, кој беше обвинет за кривичното дело „Телесна повреда“ по член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

На денешното рочиште обвинетиот ја признал вината, по што Судот донел пресуда со која му е изречена условна осуда.

Согласно пресудата, на Р.Р. му е утврдена казна затвор во траење од една година и шест месеци, која нема да се изврши доколку во рок од три години не стори ново кривично дело.

Пресудата е донесена врз основа на признанието на вина дадено од обвинетиот во текот на судската постапка.

Според наводите во обвинителниот предлог, обвинетиот, по претходна вербална расправија во семејниот дом, физички ја нападнал сопругата, удирајќи ја по лицето и главата пред нивната малолетна ќерка, по што ја фатил за вратот и започнал да ја дави.

Со дејствијата на обвинетиот, на оштетената ѝ биле нанесени телесни повреди и предизвикана психичка вознемиреност.

Оштетената успеала да се засолни во тоалет, а подоцна, додека со детето се обидувала да го напушти домот, обвинетиот ѝ го одзел и оштетил нејзиниот мобилен телефон.

Заедно со ќерката побарале помош кај сосетка, која ги примила во својот дом.

Back to top button
Close