Самиот Мицкоски да изгубеше немаше да биде прогласена оваа тридневна внатрепартиска жалост, вели Жерновски за поразот на Вучиќ

Траорната атмосфера во партијата на Мицкоски по поразот на Вучиќ само го потврдува тоа што го СДСМ го зборува повеќе од две години. Имам чувство дека самиот Мицкоски да изгубеше, немаше да биде прогласена оваа тридневна внатрепартиска жалост. За разлика од нашиве “патриоти”, Србија, но и и регионот, го слават падот на Вучиќ и почетокот на распаѓањето на неговиот балкански октопод“, вели членот на УО на СДСМ, Андреј Жерновски за состојбите во Македонија по промената на власта во Србија.
Според него, промените во Србија не се само српска работа. Вели дека СДСМ не слави туѓа победа или туѓ пораз, туку се слави една искрена надеж дека ова значи отворање на простор за расчистување со корупцијата и заробените институции и в
-Христијан “Никогаш Северна” Мицкоски не е случаен партнер на Вучиќ и Орбан. Напротив. Го презеде нивниот модел на владеење, бездушно и заветно овозможувајќи Македонија да стане полигон за нивните политички, безбедносни и финансиски интереси. Зарем има некој наивен кој мисли дека е случајно што токму во мандатот на оваа власт, европските институции преку своите извештаи ја отворија и темата за влијанието на концептот „српски свет“ врз нашата држава, истакнува Жерновски, додавајќи дека „обрачот околу Мицкоски од ден на ден се стега, бидејќи се отвораат прашањата од кои тој најмногу бега: колкав криминал и колкава штета е направена, и дали кога им служеше на Орбан и Вичиќ, ги штитеше интересите на македонската држава и македонските граѓани или, пак, ги штитеше своите интереси?“.
Жерновски резимира дека по падот на Вучиќ и Орбан, „Мицкоски станува сè поизложен, поранлив, понемоќен“.
-Се распадна мрежата што му даваше политичка поддршка и бизнис заштита. А дури и во белата палата знаат дека кога паѓаат заштитниците, доаѓа редот на нивните политички и бизнис клиенти, објави, меѓу другото, членот на СДСМ.






