Братот на претседателката на Кривичен обвинет за поткуп и злоупотреби при даночните контроли на „Пулс”

Основното јавно обвинителство Кочани поднесе обвинителен акт против три лица и обвинителен предлог против шест лица за дејствија на поткуп, злоупотреба на службена положба, оддавање службена тајна и фалсификување, во врска со контролите на Управата за јавни приходи во дискотеката „Пулс” во Кочани и во други поврзани фирми.

Како што дознава „Фокус“, Драган Паунов – братот на претседателката на Кривичен суд. Даниела Димовска е првообвинет во случајот, а од прогон се спасија четворица осомничени.

Обвинителен акт за кривично дело – Примање поткуп од член 357 од Кривичниот законик е поднесен против двајца даночни контролори, од кои еден е обвинет за две вакви дејствија. Тие од третото лице, обвинето за – Давање поткуп од член 358 од Кривичниот законик, побарале и примиле очила и рачен часовник со цел да го информираат за ненајавени вонредни контроли во фирмите каде тој бил одговорно лице.

„Иако биле свесни дека согласно закон не смеат да оддаваат информации кои ги осознале во врска со даночна постапка, првиот обвинет сепак го информирал третиот обвинет преку вибер пораки за дејствијата на УЈП и МВР во врска со наведените фирми, правејќи со тоа и продолжено кривично дело – Оддавање службена тајна од член 360 од Кривичниот законик.

…

Повеќе

Back to top button
Close