Во судар на „ауди“ и „голф“ – тројца повредени (ВИДЕО)
Синоќа, малку по 19 часот, на крстосницата меѓу улиците Македонско-косовска бригада и Втора македонска бригада во Чаир се случила сообраќајка во која, во судир на две возила биле повредени три лица. Несреќата се случила вечерва во 19:10 часот, а повредените со возила на Итната медицинска помош биле пренесени во две болници.
Според информациите од МВР, во судирот учествувале автомобил „голф“ со скопски регистарски ознаки, управуван од 20-годишниот С. С., и „ауди“ со косовски регистарски ознаки, зад чиј волан бил 32-годишниот А. М. од Косово.
Повреди добиле возачот на „голфот“ и неговиот сопатник С. М. Двајцата биле пренесени во Ургентниот центар „Мајка Тереза“, каде што им биле констатирани телесни повреди.
Увид на местото на несреќата извршила екипа на СВР Скопје. Засега, во доставените информации не се наведени причините за судирот.







