За првпат во Македонија, годинава ќе се полага три вида матура

За првпат во државата ќе се полага три вида матура, државна, државна стручна и државно уметничка. Во сабота, над 14 илјади ученици ќе го полагаат првиот екстерен испит. Надлежните уверуваат дека подготовките се завршени, а тестовите се подготвени за навремена дистрибуција до испитните центри низ државата.
Најголем интерес има за државна матура над 12.000 ученици, повеќе од две илјади мауранти ќе полагаат државна стручна матура, додека 127 кандидати државна уметничка матура. Учениците и оваа година ќе полагаат во спортските сали и холови, но и во амфитеатрите на универзитетите во зависност од тоа дали училиштатата располагаат со соодветен простор.
Електронските уреди се строго забранети, а надлежните увееруваат дека ќе има најстроги казни за сите кои ќе ги прекршат правилата.
Државната матура и годинава останува еден од најважните образовни предизвици за средношколците, а вниманието е насочено кон тоа испитниот процес да се реализира без регуларности што не беше случај во изминатите години кога беа формирани Вибер групи за препишување по англиски јазик.






