ВРЕДИ: Благодарност до Арбен Фетаи за неговиот ангажман и придонес

По повод оставката на Арбен Фетаи од функцијата заменик-претседател на Владата задолжен за добро владеење, изразуваме благодарност за неговиот досегашен ангажман, коректност и придонес, пишува во соопштението на ВРЕДИ, што МИА го пренесува интегрално.

 

Во извршувањето на оваа одговорна функција, Фетаи покажа сериозност, професионалност и посветеност кон принципите на добро владеење, отчетност и институционална одговорност.

 

Ја почитуваме неговата одлука и истовремено му се заблагодаруваме за соработката и придонесот што го даде во овој период.

 

На г. Фетаи му посакуваме добро здравје, успех и сѐ најдобро во иднина.

Back to top button
Close