„Ја пронајдов мајка ми убиена“ – МВР со детали за убиството во Скопје
76-годишната М.А. Е пронајдена мртва, со видливи траги на насилство во својата куќа во Ѓорче Петров.

Од МВР за Press24 зјавиле дека телото на жената го пронашла нејзината ќерка. „Денеска во 09:18 часот во СВР Скопје М.А. пријавила дека во куќа на ул.„Ѓурчин Кокале“ во Скопје ја пронашла нејзината мајка О.А.(76), без знаци на живот.
Од страна Итна медицинска помош констатирана е смрт со видливи траги од насилство“, велат од МВР. Телото е предадено на обдукција, а известен е и Јавен обвинител.
Од МВР велат дека СВР Скопје презема мерки за утврдување на причините и за расчистување на случајот





