Кузеска: Падот на Вучиќ ќе донесе разврска на сите криминални соработки со Мицкоски

„Историската победа во Србија го донесе падот на Александар Вучиќ, менторот на Христијан Мицкоски. Како што најавивме, доаѓа време за размонтирање на балканскиот криминален октопод и одговорност. Сега на граѓаните сè им е јасно. За криминалните тендери. За Адамовиќ, Руднап, Божиновска, бизнис мрежите на Мицкоски што водат до Србија. За бизнисите со струја, енергетика, броила. Јасно е зошто 5 тони дрога поминуваат преку граница и завршуваат кај СНС во Србија, а никој не одговара“ рече на денешната прес-конференција портпаролката на СДСМ – Богданка Кузеска.

Вели „се објавуваат информации за тоа кој е „Оскар“ во преписките на наркобосовите од платформа „Скај“. Допрва ќе почнат истрагите во Србија а тоа ќе доведе и до линковите во Македонија. На сите им е јасно зошто Алта банка влезе во Македонија а беше запрена во Европа. Истата матрица, истиот шаблон. Copy-paste во Македонија. Истиот црн капитал се вложува во истата банка. Јасно е и зошто е црната кампања и постојаната пропаганда против СДСМ и против претседателот Филипче. Водена од началникот Латас и неговата Ивона Талевска“.

„Зошто го прават убиец на деца, доктор Менгеле, зошто постојано има црни кампањи, Дубаи, згради со лични напади и навреди. Јасно е за влезот на српскиот Еуроњуз и Ало група, во сопственост на Вучиќ. За ботовите на СНС, нивната бот-централа, платформа и трол фарми, во поддршка на ВМРО. Јасно е зошто исти лоби куќи се поврзани со Вучиќ и Мицкоски, со 4iG, со Орбан, со рудниците за антимон. Во Унгарија се уапсени тројца министри од владата на Орбан. Има истрага за кинескиот кредит чии пари завршија кај Мицкоски. Сè станува јасно затоа што сè е поврзано“ вели Кузеска.

Смета дека „сега на граѓаните им е јасно дека по истиот рецепт на Вучиќ од Србија се прават партии-сателити – за да се цепка опозицискиот глас. Затоа ЗНАМ и затоа Платформа ЗНАМ 2.0. Затоа рускиот Спутник како Левица. Сè е тоа школо на Вучиќ . Рецепт на менторот на Христијан Мицкоски. Затоа што СДСМ е единствената, неконтролирана опозиција. Заклучокот е многу едноставен. Позади сето ова стои една криминална организација. Нејзиниот дел во Македонија е ВМРО – организирана криминална група, а шефот на македонската банда е Христијан Мицкоски“.

 

Back to top button
Close