Мурињо ја тужи Турција во Европскиот суд за човекови права


Португалскиот стратег Жозе Мурињо (63) поднесе тужба до највисокиот Европски суд за човекови права поради кршење на неговото право на слобода на изразување додека беше тренер на турскиот фудбалски гигант Фенербахче.

Тужбата до Европскиот суд за човекови права е поднесена во март 2025 година, речиси шест месеци пред Фенербахче да го отпушти, откако Мурињо не успеа да го однесе турскиот клуб во Лигата на шампиони.

Мурињо, како што јавија денеска светските агенции, ја поднел тужбата поради „дисциплински санкции“ што му ги изрече Турската фудбалска федерација за „неспортско однесување“. Проблемот беа неговите забелешки за противничките навивачи и турските судии во ноември 2024 година, што резултираше со суспензија од еден натпревар и две парични казни од околу 21.000 долари.

Според член 6. од Европската конвенција, „подносителот на барањето се жали дека предметниот спор не е решен од независен и непристрасен суд“, се наведува во документот на Европскиот суд за човекови права од 13 мај

Back to top button
Close