Две возила во Аеродром зафатени од пожар

Утринава во Скопје избувна пожар кој зафати два паркирани автомобили на подрачјето на општина Аеродром.

Според информациите од МВР, во 02:53 часот е пријавено дека е опожарено патничко возило ауди со скопски регистарски ознаки, сопственост на Б.И.(56) од Скопје, кое претходно го управувал А.И.(28) од Скопје.

Од пожарот зафатено е и друго патничко возило марка ауди, исто така со скопски регистарски ознаки, сопственост на Г.Т.

Интервенирала Бригадата за противпожарна заштита Скопје, го изгаснала пожарот, а повредени лица нема.

Увид изврши екипа на СВР Скопје.

Back to top button
Close