Обид за убиство пред малку во Скопје


Лишен од слобода маж од скопско, кој денеска пукал кон соселанец и му нанел повреда.
Денеска (06.06.2026) полициски службеници од ПС Ѓорче Петров го лишија од слобода Г.А. (43) од с.Шишево, скопско, постапувајќи по пријава околу 16:10 часот од И.Ш. од с.Шишево, дека Г.А. пукал со пиштол кон него на влезот во с. Шишево и му нанел повреда во пределот на увото.

По целосно расчистување на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Back to top button
Close