Уапсени двајца скопјани на Долно Блаце, осомничени за кражба на „голф“

Двајца жители на Скопје се лишени од слобода на Граничниот премин Долно Блаце под сомнение дека украле патничко возило на подрачјето на Чаир, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Станува збор за Т.Е. (45) и Р.Ф. (39), кои биле приведени на 10 јуни околу 00:10 часот при влез во државата. При пасошка контрола и проверка во оперативната евиденција било утврдено дека по нив е распишана мерка „апси“ по барање на ЕВР Чаир, поради сомнение за сторено кривично дело „одземање моторно возило“.

Според информациите од МВР, по преземени мерки и активности било утврдено дека на 7 јуни, околу 00:45 часот, на улицата „Јадранска магистрала“ одзеле патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на 24-годишен жител на Арачиново.

Осомничените се спроведени во Полициската станица Чаир, а по целосно расчистување и документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Back to top button
Close