Мајка го претепала 3-годишното дете, го оставила на улица и заминала

Жена во Тетово наводно физички нападнала дете на возраст од околу три до четири години, а потоа го оставила на улица и си заминала.

Како што информира СВР Тетово, на 9 јуни во 17 часот било пријавено дека околу 14:15 часот на улицата „Маршал Тито“ жена го тепала своето малолетно дете.

Според пријавата, случајни минувачи реагирале и застанале да го заштитат детето, по што жената го оставила на улица и заминала со количка во која се наоѓало друго малолетно дете.

За случајот биле известени јавен обвинител и Центарот за социјални работи во Тетово, а надлежните институции преземаат мерки за пронаоѓање на жената, утврдување на нејзиниот идентитет и целосно расчистување на настанот.

Детето, по укажаната лекарска помош, било предадено на грижата на Центарот за социјални работи Тетово.

Back to top button
Close