Сребрен медал за Стојановска на Балканско првенство во велосипедизам


Македонската репрезентативка во велосипедизам Далија Стојановска го освои второто место на Балканското ХСО првенство што се одржа во Чапљина, Босна и Херцеговина. Стојановска до сребрениот медал стигна со нејзината борбеност и подготвеноста да ги надмине сите предизвици.

Македонската репрезентативка се натпреваруваше во категоријата У17.

Како дел на македонската репрезентација настапија Марко Блажески, Мартин Спасевски, Алексеј Атанасовски и Благој Митрески, кои достоинствено ги бранеа боите на македонскиот тим и се стекнаа со меѓународно искуство.

Back to top button
Close