СП 2026: Роналдо повикува на фокус на следниот натпревар

Репрезентацијата на Португалија првиот натпревар на Мундијалот го одигра нерешено 1:1 со ДР Конго. За многумина ова е изненадување, а слаб натпревар одигра и првиот играч на репрезентацијата Кристијано Роналдо, кој по дуелот не разговараше со новинарите и се обрати на социјалната мрежа Х.

„Не беше почеток каков што посакувавме, но далеку од тоа дека е готово. Главата горе и фокус на следниот натпревар“, напиша Кристијано Роналдо.

Роналдо, кој има 41 година му се придружи на Лионел Меси како единствен играч со настап на шест Светски првенства и воедно стана највозрасниот фудбалер кој почнал натпревар на Мундијал со 41 година и 132 дена.

За време на дуелот имаше и едно недоразбирање со Бруно Фернандеш, а прашање е дали селекторот Роберто Мартинез ќе може да го остави на клупата.

Португалија следниот натпревар го игра на 23. јуни против Узбекистан во Хјустон.

Back to top button
Close