Прекинат сообраќајот на патот Струмица – Радовиш по излевање моторно масло на коловозот
Сообраќајот на магистралниот пат А4, на делницата Струмица – Радовиш, денеска од 11:10 часот е во целосен прекин поради излевање моторно масло на коловозот, информираат од АМСМ.
Прекинот е воведен кај месноста Широк Дол, непосредно пред селото Владевци, каде што од товарно возило се излеало моторно масло на патот.

Од АМСМ соопштуваат дека на местото веднаш биле испратени екипи на „Македонија пат“, кои во моментов работат на расчистување и санација на коловозот.
Сообраќајот на оваа делница е во прекин за сите патнички и товарни моторни возила, а возилата се пренасочуваат по стариот регионален пат.
Од надлежните институции апелираат до возачите да бидат внимателни и да ја следат поставената сообраќајна сигнализација. објави Скопје1.мк






