Демикелис на клупата на Лајпциг


Бундеслигашот Лајпциг го назначи денеска Мартин Демикелис за нов тренер, потпишувајќи договор со Аргентинецот до јуни 2028 година.
Демикелис ќе го замени Оле Вернер, кој беше отпуштен минатата недела и покрај тоа што Лајпциг ја заврши сезоната на третото место во Бундеслигата и се пласираше во Лигата на шампионите следната сезона.
„Лајпциг е амбициозен клуб со јасен идентитет, извонреден талент и одлучност да продолжи да се подобрува на највисоко ниво. Токму таков предизвик барав“, рече Демикелис.
Четириесетипетгодишниот Аргентинец ја почна својата тренерска кариера како помошник тренер во Малага, а работеше и со младинските тимови на Баерн, клубот за кој одигра 250 натпревари и освои четири германски титули

Back to top button
Close