Белингам го именува Кејн за најдобар играч во историјата на Англија

Англискиот играч од средниот ред, Џуд Белингам, зборуваше за својот однос со капитенот на репрезентацијата, Хари Кејн.

– Хари и јас развивме одличен однос во последните четири или пет години, особено по Светското првенство во Катар, кога почнавме да играме како близок партнер. Чест е да се игра покрај него. Според мене, тој е најдобриот играч во историјата на Англија. Тој продолжува да се подобрува и тоа е фантастично. Можете да видите колку труд вложува во својата улога како капитен и како нè води. Неговата вештина зборува сама за себе. Тој е најдобар, изјави Белингам за „ITV“.

Англија заврши прва во Групата Л, освојувајќи седум бода од три натпревари.

Противник на Англичаните во 1/16 финалето ќе биде Конго. Натпреварот ќе се игра на 1 јули во Атлната, со почеток во 18 часот по македонско време.

Back to top button
Close