СП 2026: Солбакен – Бразил не е веќе голем фаворит како порано

Селекторот на норвешката фудбалска репрезентација, Стале Солбакен, изјави пред вечерашниот осминафинален дуел на Светското првенство против Бразил дека петкратниот светски првак не е веќе голем фаворит како во минато.
Солбакен посочи дека неговата репрезентација ќе има шанса да го елиминира Бразил, но за тоа да се случи ќе мора да одигра совршен натпревар.
„Сè уште го гледам Бразил како фаворит, но не мислам дека се голем, голем фаворит, како што можеби беа пред неколку години. И натаму мораме да бидеме на својот апсолутен максимум. Во спротивно немаме шанси. Но, ако дадеме сè од себе, тогаш имаме шанса“, рече Солбакен на прес-конференцијата пред натпреварот што ќе се игра вечерва на стадионот „Метлајф“ во Њу Џерси со почеток во 22 часот по средноевропско време.
Во вториот осминафинален натпревар од ноќешната програма, Мексико, еден од трите домаќини на Светското првенство, во 02 по полноќ по средноевропско време ја пречекува Англија на стадионот „Ацтека“ во Мексико Сити.






