Зверев прв финалист на Вимблдон

Германецот Александар Зверев е првиот финалист на овогодишниот Вимблдон, откако попладнево во полуфиналето го совлада Британецот Артур Фери, кој настапи на главниот турнир со вајлд карта, 7-6 (0), 6-2, 6-4.

За 29-годишниот Зверев, ова е петто грен слем финале во кариерата, а прво на Вимблдон.

Пред еден месец, Зверев триумфираше на Ролан Гарос и ја освои својата прва грен слем титула во кариерата, а играше и во финалето на Ју Ес Опен во 2020 година, Ролан Гарос во 2024 година и Отвореното првенство на Австралија во 2025 година.

Со пласманот во финалето на Вимблдон, германскиот тенисер обезбеди скок на второто место на АТП ранг-листата, веднаш зад Италијанецот Јаник Синер.

Од друга страна, 23-годишниот Фери беше рангиран на 114. место во светот пред Вимблдон, а во понеделник на најновата ранг-листа на АТП ќе биде на 36. место

Зверев во неделното финале ќе игра против победникот од дуелот меѓу Италијанецот Јаник Синер и Србинот Новак Ѓоковиќ.

Back to top button
Close