Загина 28-годишник во дебарско – се повреди при сеча на дрва
МВР информира дека вчера попладне во 14:20 часот во ОВР Дебар е пријавено дека во атарот на дебарското село Горно Мелничани, М.Л.(28) од с. Седларево, се здобил со повреди при сеча на дрва.

-Тој со возило на Итната медицинска помош бил пренесен до болницата „Св. Еразмо“ во Охрид, но на пат кон болницата им подлегнал на повредите, а смрт без траги на насилство констатирал доктор од болницата, информира МВР.
На местото на несреќниот случај, увид извршија јавен обвинител, државен трудов инспектор и полициски екипи.
По наредба на јавен обвинител, врз телото на починатиот ќе биде извршена обдукција






