Нови детали за убиството во Чаир: Синот се претставувал како пророк, таткото бил пријавуван за насилство

Нови детали излегуваат на виделина за семејната трагедија што синоќа се случи во Чаир, каде што 31-годишен маж е осомничен дека со нож го усмртил својот татко.

Screenshot

Според информациите што ги објави Алсат, трагедијата се случила откако 52-годишниот Едем Лукмани, кој бил под дејство на алкохол, физички ја нападнал својата сопруга Хикмете Џемаили.

Во обид да ја заштити мајката, нивниот син Бесарт Џемаили му нанел повеќе убодни рани со нож на таткото. Осомничениот веднаш бил приведен од полицијата, а телото на починатиот е предадено на обдукција.

Според извори од истрагата, Едем Лукмани и претходно бил пријавуван за семејно насилство.

Истите извори наведуваат дека психичката состојба на осомничениот подолг период била нарушена. Според нив, тој во повеќе наврати ги принудувал членовите на семејството и блиски лица да постапуваат според неговите барања, тврдејќи дека е пророк.

Алсат објави и дека починатиот бил во постапка за промена на личното име. Тој поднел барање неговото име „Едем Лукмани“ да биде променето во „Авни“.

Осомничениот останува во полициски притвор, а истрагата за целосно расчистување на околностите под кои се случила трагедијата е во тек.

 

Back to top button
Close