Вода од 5-та категорија, која не се пие дури ни филтрирана, е подигната при истрагата во Гостивар
Една од четирите мостри што Институтот за јавно здравје ги подигна во Гостивар, откако Јавното обвинителство почна истрага за загадувањето на водоснабдителниот систем, била мостра земена од површинска вода од петта категорија – вода загадена на степен на канализација, која не би можела да се прочисти дури ни кога би постоела пречистителна станица и на ниеден начин по кој било правилник и закон, не би можела да стане вода за пиење, дознава „Слободен печат“ од свои добро упатени извори.
…






