Уставен до судиите: Судската независност не може да го оправда непочитувањето на Уставот

По јавните реакции и критики до Уставниот суд, кој за првпат активираше механизам за барање на одговорност за судија бидејќи ја игнорирал одлуката на Уставниот суд иако констатирал повреда на слобода на изразувањето за новинарка која известувала за „крвавиот четврток“, во долго образложение до јавноста излезе со контрааргументи на реакцијата на Судскиот совет и Здружението на судии и им порача дека судската независност не може да биде оправдување за непочитувањето на Уставот.

Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber

Препорачано

Британецот Глејв е најбрз во Европа на 100 метри

ПСЖ сака историски подвиг со шест трофеи во една сезона, прва пречка е Астон вила

ФОТО | Овој човек вчера фрлил цела приколка со ѓубре во Маркова Река

– Уставниот суд упатува на член 112 став 3 од Уставот, според кој „Одлуките на Уставниот суд се конечни и извршни“, како и на член 89 став 2 од Актот на Уставниот суд, кој уредува дека „Одлуките со кои Судот утврдил повреда на слободите и правата утврдени со член 110 алинеја 3 од Уставот, ги извршува органот или субјектот што врши јавни овластувања што го донел поединечниот акт, односно го презел дејствието кое Уставниот суд со одлука го забранил“. Дополнително, согласно со член 85 став 2 од Актот на Судот, „Одлуките на Уставниот суд се извршуваат без никакво одлагање“. Во оваа насока е и член 91 од Актот: „Врз основа на претходно добиени податоци и известувања, Уставниот суд може да донесе посебно решение со кое ќе утврди дека неговата одлука не е извршена и ќе го извести надлежното јавно обвинителство, како и органот што го именувал или избрал раководителот на органот или телото што не ја извршило одлуката на Судот“ – образложуваат од Судот.

 

Тие во 2025 година утврдиле повреда на слободата на јавно изразување на мислата на новинарката Наташа Стојановска, сторена со пресуди од Граѓанскиот и Апелациониот суд во Скопје и констатирале дека судијата во Граѓанскиот суд ја игнорирал нивната одлука и за ова го известиле Јавното обвинителство и Судскиот совет.

 

 

 

 

Од Судот велат дека тие како орган ја штитат уставноста и законитоста и не подлежат на начелото на поделба на власта, и порачуваат дека судската независност не може да биде оправдување за непочитување на Уставот.

 

– Судската независност на ниеден начин не може да оправда ниту, пак, да релативизира неисполнување на уставната должност, односно да се одлучува врз основа на Уставот. Неспорен факт, утврден од Уставниот суд, е дека судија на Основниот граѓански суд, наместо да ја исполни уставната должност да одлучува врз основа на Уставот, законите и меѓународно-ратификувани меѓународни спогодби, одлучил дека Законот за парнична постапка не предвидува експлицитен основ дека одлука на Уставниот суд не претставува основ за повторување на постапката, и со тоа дал предност на Законот наместо на Уставот, во кој јасно е определен правниот карактер на одлуките и правното дејство на одлуките на Уставниот суд.

 

Ниту еден закон не е над Уставот. Законот и неговите празнини, недоречености, треба да се толкуваат низ призмата на целовитоста на Уставот, смислата, словото и духот на Уставот, а не обратно. Пропуштањето на Законодавецот ова прашање да го уреди во Законот за парнична постапка на ниту еден начин не значи и не може да биде основ за игнорирање на уставно определените карактеристики на одлуките на Уставниот суд, нивната извршност, конечност и општа задолжителност.

 

Почитувањето и извршувањето на одлуките на Уставниот суд не е прашање на избор, на толкување или пак, согласност на кој било орган или кое било службено лице – велат од Уставниот суд.

 

Тие очекуваат сите носители на трите власти, законодавната, извршната и судската да постапуваат согласно Уставот и неговите темелни определби, заштитата на слободите и правата и владеењето на правото.

 

За нив не е спорно и тоа што одлуката на граѓанскиот суд не е правосилна.

 

– Фактот дека решението не е правосилно и против него е изјавена жалба за која треба да одлучува надлежниот второстепен суд, на ниеден начин не можат да ја променат фактичката состојба дека судија на Основниот граѓански суд не извршил одлука на Уставниот суд. Не само што не ја извршил одлуката на Уставниот суд, со неговото постапување ја игнорирал и практиката на Европскиот суд за човекови права на која всушност се темели одлуката на Судот. Со неговото постапување ја игнорирал и веќе воспоставената судска практика врз која Судот изминатиот период ја втемелил праксата на ЕСЧП во своите одлуки во кои утврдил повреда на слободите и правата на човекот и граѓанинот. Игнорирањето и релативизирањето на постапувањето на Уставниот суд не дава придонес во напорите за градење на правна држава во која ќе владее правото – порачуваат од Судот.

 

Правната дебата се покрена откако Уставниот суд за првпат активираше механизам за барање одговорност за судија, откако утврдил дека Основниот граѓански суд не ја испочитувал и не ја спровел одлуката на Уставниот суд со која била констатирана повреда на слободата на изразување на новинарката Наташа Стојановска. Таа е една од новинарите кои со години водат судски постапки без епилог за „крвавиот четврток“ во Собрание, кој се случи на 27 април 2017 година, кога таа и другите новинари беа изложени на закани, заплашувања и беа спречени да ја извршуваат новинарската задача

Back to top button
Close