Џолев со воздржан коментар за условната казна за сообраќајката кај Млечен: Прво ќе бара повеќе информации од судот


Претседателот на Основниот кривичен суд во Скопје Иван Џолев најавува дека ќе собере информации за случајот со условната казна за сообраќајката со смртни последици во 2018 кај Млечниот ресторан во Скопје, па ќе излезе со коментар.
„Во моментов немам повеќе информации за пресудата. Таа беше донесена вчера (петок), јас за неа дознав на крајот од работното време. Ќе се интересирам за случајот, од понеделник ќе добијам повеќе информации од судот, по што ќе можам да дадам коментар и став“, изјави Џолев за „360 степени“.
Во сообраќајката за која вчера беше изречена пресудата, животот го загуби едно лице, а неговата бремена сопруга и сопатничката се здоби со тешки телесни повреди и го загуби плодот. Жртвите беа патници на мотор чиј пат го пресекол возач на џип кој недозволено преминал преку двојна полна лента на булеварот Теодосиј Гологанов. Со џипот управувал Васил Ч., кој тогаш имал 62 години.
Целиот текст на 360.мк






