Продолжуваат преговорите меѓу Ливерпул и ПСЖ за Баркола

Преговорите меѓу ПСЖ и Ливерпул за трансферот на францускиот репрезентативец Бредли Баркола продолжуваат, а европскиот првак ја намали првобитната цена. ПСЖ од првобитните 169,5 милиони ја „спушти цената“ на 146,1 милион, пренесуваат британските медиуми.

Ливерпул сега ја разгледува новата понуда и се очекуваат завршни преговори меѓу двата клуба.

Според медиумите, Баркола веќе ги има договорено своите услови за престојот на Енфилд. Доколку се случи „црвените“ да ја прифатат оваа цена тоа ќе биде најголемиот трансфер во историјата на Ливерпул и ќе го надмине оној од ланското лето на Александер Исак од Њукасл.

Инаку, ПСЖ и Ливерпул се во преговори и за уште еден играч Сенегалецот Ибрахим Мбаје и двајцата важат за офанзивни играчи и не беа во составот на ПСЖ на Супер куп натпреварите на УЕФА и на Франција одиграни деновиве.

Back to top button
Close