Влен: Груби пред суд, Ахмети под притисок, а Османи ја чека лидерската позиција во ДУИ
Однесувањето на Османи, според Влен, остава впечаток дека се дистанцира од некогашниот близок политички соработник и од заедничката политичка историја во ДУИ

„Во политиката, понекогаш не е важно само кој зборува, туку и зошто досега молчел. Ако ‘пеењето‘ на Бујар било за правда, нека го каже тоа отворено. Ако било за власт и за фотелјата на Али Ахмети, тоа веќе сите го разбираат“, велат од партијата
Од владејачката Влен велат дека политичките случувања во Демократската унија за интеграција (ДУИ) стануваат сè појасни имaјќи предвид дека поранешниот прв вицепремиер Артан Груби од денеска се соочува со судска постапка, лидерот на партијата, Али Ахмети, е под притисок, а потпретседателот Бујар Османи, според нив, се очекува да ја преземе лидерската позиција во ДУИ.
Оттаму велат дека Османи со месеци не се изјаснувал за случајот со Груби, иако како што посочуваат, во минатото и двајцата беа дел од највисокот раководство на ДУИ.
„Денес се однесува како никогаш да немале заедничка политичка историја“се вели во партиското соопштение.
Според Влен, Османи го користел мандатот како министер за надворешни работи и за внатрепартиски пресметки и за создавање позиција од која би можел да го преземе раководството на ДУИ.
„Наместо мандатот како министер за надворешни работи да го користи во интерес на државата, Бујар го искористи и за своите внатрепартиски пресметки во ДУИ, ‘пеејќи‘ де ваму де таму и правејќи сметки за преземање на раководството на ДУИ“велат од партијата.
Од владејачкаа партија го поставуваат и прашањето зошто Османи молчи за Груби кога и двајцата биле заедно на врвот во ДУИ.
„Што знае тој за оваа приказна и зошто денес се однесува како Груби никогаш да не постоел?“додаваат од партијата.
Однесувањето на Османи, според Влен, остава впечаток дека се дистанцира од некогашниот близок политички соработник и од заедничката политичка историја во ДУИ.
„Во политиката, понекогаш не е важно само кој зборува, туку и зошто досега молчел. Ако ‘пеењето‘ на Бујар било за правда, нека го каже тоа отворено. Ако било за власт и за фотелјата на Али Ахмети, тоа веќе сите го разбираат“,пишува во партиското соопштение.
Оттаму сметаат дека Груби треба да одговара пред институциите доколку има одговорност, додека Османи треба да им даде одговори на граѓаните за својата улога и ставовите во однос на случувањата во ДУИ.






