Партиските штабови на ВМРО-ДПМНЕ и понатаму се под опасност од конфискација, замрзнаа во ,,Талир 1″ кој се уште се суди

Со вчерашната правосилна пресуда од Апелација за екс премиерот Никола Груевски во случајот ,,Талир 2″, ВМРО-ДПМНЕ си го врати под свое партиското седиште, кое имаше инвестициска вредност од 7 милиони евра, а сега пазарна од 14 милиони евра. Исто така се одмрзна и останат имот на партијата во вредност од околу 2 милиони евра.

Но, сепак еден дел од имотот и понатаму остана замрзнат, односно ВМРО-ДПМНЕ не смее да го продава и издава под закуп, а тоа се партиски штабови кои беа замрзнати во предметот ,,Талир 1″, кој се уште се суди.

Поточно, пред седум години, за време на истрагата за случајот „Талир“, Кривичниот суд, по барање на тогашното СЈО, замрзна вкупна 69 недвижнини на ВМРО-ДПМНЕ. Ова практично значеше дека политичката партија доби судска забрана да го продава или изнајмува партиското седиште, познато како „Белата палата“, и уште 68 други недвижнини со кои располага низ државата. Сите топтан проценети на вредност од над 17 милиони евра!

Потоа кога случајот се подели на два дела, „Талир 1“ и „Талир 2“, се подели и имотот. Седиштето и имот вреден над 2 милиони евра, останаа замрзнати во делот „Талир 2“, а останатиот имот во „Талир 1“.

ТАЛИР 1“ ЗАСТАРУВА ДУРИ ВО 2035 ГОДИНА

Случајот „Талир 1“, за незаконското финансирање на ВМРО-ДПМНЕ, пак веќе седум години се влече низ судските лавиринти. Судењето дури 6 пати почнуваше од почеток, а никогаш немаше ниту првостепена пресуда.Во меѓувреме застаре кривичното дело Злоупотреба на службената положба и овластување, за кое се гонеа екс премиерот Никола Груевски и Кирил Божиновски, а остана само кривичното дело за перење пари.

-Настапена е застареност на предикатното кривично дело, односно на злоупотребата на службената положба и овластување, поради истек на законските рокови, а порад измените на Кривичниот законик во 2023 година. Меѓутоа и покрај застарениот предикат, согласно Закон и постоечката судска пракса, не постојат пречки да се гони перењето пари во овој случај, за кое застареноста настапува во 2035 година, појаснуваше обвинителката Ленче Ристоска.

Во случајот се обвинети екс-премиерот Груевски, како и Илија Димовски, Божиновски, Леко Ристовски и Миле Јанакиески. Предметот почна во февруари 2019 година.

Back to top button
Close