Дел од дрон заврши на плажа во Романија
Дел од дрон бил пронајден во близина на плажа во романскиот град Констанца, на брегот на Црното Море, по што туристите биле итно оддалечени од подрачјето.

Објектот бил исфрлен на брегот од брановите. Го забележале минувачи, кои веднаш ги алармирале надлежните.
Според првичните информации, пронајдениот дел од дронот не содржел експлозивно полнење.
Припадници на крајбрежната стража го презеле предметот, додека туристите биле евакуирани од областа.
Ова не е прв ваков случај во регионот.
Претходно, турист открил фрагменти од дрон во областа Белона, во Ефорије Норд, кои исто така биле преземени од граничната полиција






