Осум активни пожари, на Пелистер повредени се две лица

Утрово регистрирани се вкупно 27 пожари на отворен простор на територија на Македонија, информира ЦУК.

Од регистрираните пожари, осум се активни, два се под контрола, додека 17 пожари биле изгаснати.

Во моментов, активни пожари има во општините Сарај, Ресен, Петровец, Прилеп, Чашка, Јегуновце и Боговиње, каде најчесто гори нискостеблеста шума.

Пожари под контрола се пожарите во општина Гостивар и општина Македонски Брод, додека 17 пожари се изгаснати низ општините Битола, Струга, Куманово, Бутел, Гази Баба, Дебар, Штип…

Пожарот што вчера го зафати Националниот парк Пелистер е ставен под контрола, а при гаснењето повредени се две лица кои учествувале во акцијата.

Директорот на НП Пелистер, Иванчо Тошевски, изјави дека здравствената состојба на повредените е стабилна

Back to top button
Close