ВЛЕН: Додека ДУИ се фотографира, ние работиме на терен

ВЛЕН упати остри критики до ДУИ, обвинувајќи ја дека по две децении учество во власта се обидува да ги преземе заслугите за инфраструктурните проекти што денес се реализираат.

„Додека ДУИ со години најавува автопати, патишта и инвестиции, сегашната власт ги претвора проектите во активни градилишта. ВЛЕН не зборува само за проекти, ВЛЕН ги гради“, се наведува во партиското соопштение.

Како примери ги посочуваат изградбата на автопатската делница кон Гостивар, напредокот на поврзувањето кон Кичево, започнатата изградба на автопатското поврзување со Косово и работите на Коридорот 8.

„Она што со години беше цртано на мапи, најавувано на прес-конференции и користено како изборно ветување, денес е претворено во градилиште. Додека ДУИ се фотографира, ВЛЕН работи на терен“, порачаа од ВЛЕН

Back to top button
Close