НАТО е подготвен да ја брани својата територија, соопшти естонскиот МНР

НАТО реагира брзо и прецизно, во согласност со своите планови. Постојано е на штрек и подготвен да ја брани својата територија, објави естонскиот министер за надворешни работи, Маргус Цахкна, на својот профил на социјалната мрежа „Икс“, откако денеска борбени авиони на НАТО беа подигнати во воздух поради тревога за беспилотни летала.

Борбените авиони на Алијансата беа активирани од воздухопловната мисија на НАТО за патролирање со седиште во Летонија, додека истовремено Финска го ограничи воздушниот и поморскиот сообраќај во областите во близина на границата со Русија.

За активирањето на своите сили и ограничувањето на сообраќајот на социјалната мрежа „Икс“ одделно информираа вооружените сили на двете земји

Back to top button
Close