Уапсен е 13-годишник во Чаир, со нож во срце прободе негов врсник, се бори за живот.Критично е вели Клековски
МВР информира дека полициски службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје ги приведоа Б.И.(19) и 13-годишник, двајцата од Скопје, постапувајќи по пријава дека синоќа околу 22 часот на територија на Чаир, настанала физичка пресметка помеѓу двете лица од една страна и И.З.(19), 13-годишник и 16-годишник, сите од Скопје, од друга страна.

При тепачката, 13-годишникот кој е приведен, со нож им нанел убодни рани на трите лица од спротивната страна.
И.З. и 13-годишникот се здобиле со тешки телесни повреди, а 16-годишникот со телесна повреда.Извршен е увид на местото на настанот, а за понатамошна постапка се одземени три ножа, пендрек и други предмети.
По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена кривична пријава до ОЈО Скопје.
Министерот за здравство Сашо Клековски ја потврди сериозноста на состојбата.
„Убод во срце, критично е. Нашите мисли се со него, но веќе медицината нема многу што може да направи“, изјави Клековски.






