ФОТО: Србинката која исчезна по поплавите во Непал е пронајдена жива
Српската државјанка Ениса Лековиќ, која се водеше како исчезната по катастрофалните поплави во Непал, е пронајдена и е безбедна, пренесува „Нова“.

Добрата вест денес ја објави нејзината ќерка Инес на Фејсбук, по периодот на неизвесност и потрага по мајка ѝ. Како што наведе, семејството денеска добило фотографија која потврдува дека Ениса, која потекнува од Нови Пазар, е безбедна и дека се упатува кон Катманду.
Инес во објавата им се заблагодари на сите кои се вклучиле во потрагата и ѝ давале поддршка во тешките моменти.
„Мајка ми е безбедна и патува кон Катманду. Навистина не можам да ги опишам чувствата низ кои поминав. Се надевам дека ваква катастрофа никогаш повеќе нема да се повтори. Се молам за Непал и за сите семејства кои трагаат по некого или изгубиле некого. Знам низ што поминувате и се молам за вас. Ви благодарам за сè. Ова никогаш нема да биде заборавено, како ниту сите животи кои ги однесе оваа катастрофа“, напиша Инес.
Веста дека Ениса е пронајдена доаѓа по период на голема неизвесност предизвикана од катастрофалните поплави кои го погодија Непал и поширокиот регион.
Нејзината ќерка претходно преку социјалните мрежи побара помош во пронаоѓањето на мајка ѝ, а сега потврди дека Ениса е безбедна и дека се движи кон главниот град на Непал.





