Путин од Бишкек: Русија е солидарна со иранскиот народ во заштитата на неговите интереси

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека Москва е солидарна со иранскиот народ во заштитата на неговите интереси, на средбата со иранскиот претседател Масуд Пезешкијан во киргистанската престолнина Бишкек.
Путин исто така изјави дека Русија и Иран ќе ги зачуваат своите економски и трговски односи и покрај актуелната воена и политичка ситуација.
Пезешкијан, од своја страна, ѝ се заблагодари на Москва за нејзиниот став во однос на војната и санкциите што произлегуваат од неа. Тој изјави дека Техеран и Москва можат да се спротивстават на „едностраноста“ во надворешната политика на САД.
Двајцата лидери разговараа на маргините на самитот на Шангајската организација за соработка (ШОС) во Бишкек. Тоа е нивна прва средба од почетокот на војната на Блискиот Исток.
Според иранското претседателство, тие разговарале и за состојбата на билатералните односи и начините за зајакнување и проширување на соработката во различни области.






