Дмитриев: „Северен тек 1“ и „Северен тек 2“ неизбежно повторно ќе бидат ставени во функција

Подводните гасоводи „Северен тек 1“ и „Северен тек 2“, кои беа оштетени во експлозиите во 2022 година, во иднина повторно и неизбежно ќе бидат пуштени во функција – изјави денеска Кирил Дмитриев, специјален претставник на рускиот претседател за инвестиции и економска соработка со странство.
– Апсолутно нема сомнеж дека ‘Северен тек 1’ и ‘Северен тек 2’ во одреден момент повторно ќе проработат и тоа е неизбежно- нагласи Дмитриев за време на своето обраќање на пленарната сесија на 19. Евроазиски економски форум што се одржува во Истанбул.






