Во Србија 18 заболени од западнонилска треска, седум повеќе од претходната недела

Во Србија од 1 јуни до 30 август се регистрирани 18 случаи на западнонилска треска, покажуваат најновите податоци на Институтот за јавно здравје на Србија „Д-р Милан Јовановиќ Батут“.

Тоа се седум заболени повеќе отколку во претходната недела до 24 август, кога според податоците на Институтот имаше 11 заболени.

Батут објави дека 18-те случаи се регистрирани на територијата на седум окрузи, дека меѓу заболените има 12 мажи и шест жени, како и оти нивната просечна старост е 63,2 години.

Сезоната на овој вирус во Србија обично трае од јуни до ноември, а главни преносители се комарците.

Со цел намалување на ризикот од заразување со вирусот на Западен Нил, се препорачува примена на мерки за лична заштита од убоди од комарци.

Back to top button
Close